Прва регионална конференција на балканските совети за зелена градба под мотото „Градење одржлива иднина“

Tina Mladenovska

Детали

Wednesday, March 4, 2026 12:00 AM

Свечена сала на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Скопје

0 пријавени

Опис

Со особено задоволство Ве информираме дека на 4 март 2026 година во Скопје ќе се одржи Првата регионална конференција на балканските совети за зелена градба под мотото „Градење одржлива иднина“, во организација на Македонскиот совет за зелена градба (GBCNM) .

Македонскиот совет за зелена градба, како дел од иницијативата Western Balkans GBC, активно работи на забрзување на транзицијата кон одржлива изградена средина преку промоција на енергетска ефикасност, намалување на јаглеродните емисии и усогласување на градежните практики со зелените политики на Европската Унија. Нашата мисија е јасна – да ги обединиме институциите, индустријата и заедниците во создавање поздрави, поотпорни и поинклузивни простори за живеење и работа.

Визијата на Македонскиот советот за зелена градба (GBCNM) а во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р. Македонија  е да се позиционира како релевантна, доверлива и експертска платформа, која ќе биде катализатор за иновации, едукација и политики што ја поддржуваат примената на зелени технологии и одржливи практики во градежниот сектор.

Во остварување на овие цели, Советот активно соработува со:

•        водечки компании од областа,

•        национални и локални институции,

•        академската заедница,

•        финансиски институции,

•        граѓанскиот сектор,

•        професионалци и организации посветени на одржливо градење, енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, заштита на животната средина, намалување и рециклирање на градежен отпад, како и дигитализација на градежната индустрија.

Ве покануваме на  Првата регионална конференција „Градење одржлива иднина“ која  ќе биде платформа за презентација и размена на знаења, истражувања и добри практики, но и можност за создавање нови партнерства и бизнис можности во Северна Македонија и поширокиот балкански регион

Локација: Регионалната конференција ќе се одржи во Свечената сала на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Скопје

Комора на овластени архитекти и овластени инженери www.komoraoai.mk

Адреса: Бул. „Партизански одреди“ бр. 2, Скопје

 

Слични настани