На 4 март 2026 година, Скопје беше домаќин на значаен настан за градежниот сектор. Во организација на Македонскиот совет за зелена градба, успешно се одржа Првата регионална конференција на балканските совети за зелена градба „Градиме одржлива иднина“.

Настанот ги здружи академската заедница, Комората и водечките експерти за да разменат искуства и да го забрзаат одржливиот развој во регионот. Конференцијата беше клучна точка за подигнување на јавната свест и промоција на современи градежни практики кои се неопходни за нашата иднина.
Својата визија и стратешки цели пред присутните ги изложија лидерите на оваа иницијатива: Веселинка Герасимова Петровска (претседател на МСЗГ), Дејан Метикош (претседател на Комората), како и претставниците на меѓународните партнери, Настасија Стојановиќ (Helvetas/ReEconomy) и Дамјан Митев (CeProSard).

Програмата понуди длабока анализа на актуелните состојби преку два интензивни и плодни панел дискусии:
Првиот панел беше посветен на предизвиците на зелената градба и одржливото урбанистичко планирање и урбаната регенерација. Свои излагања имаа професорките Бојана Зековиќ (Белград), Дивна Пенчиќ (Скопје) и Вања Скалицки Клеменчиќ (Марибор).
Вториот панел го стави фокусот на регенеративната архитектура и одржливите материјали. Експертките Весна Жегарац Лесковар (Марибор), Ана Радивојевиќ (Белград) и Радмила Томовска (Скопје) дебатираа и за справувањето со климатските промени како и важноста за меѓуинституционална соработка.





Оваа прва регионална конференција „Градиме одржлива иднина“ е само почеток. Таа претставува значаен чекор кон зајакнување на регионалната соработка и развој на зелените идеи.
Галерија од настанот:








